Поштарите во Австрија од неодамна носат две торби: една за поштата што ја разнесуваат и другата наполнета со слатки за кучиња.
Познато е дека агресивните кучиња може да им ја отежнат работата на поштарите и поради тоа, луѓето задолжени за таа служба одлучиле да ги снабдуваат со кекси за домашни миленичиња.
Минатата година 47 поштари во Австрија биле повредени од кучиња. Акцијата трае веќе две недели, но според портпаролот на Австриска помшта, Михаел Хомола рано е да се заклучи дали новата стратегија дава резултати.