Грабар – Китаровиќ загрижена поради ситуацијата во Македонија

Од:

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар – Китаровиќ изрази загриженост поради судирот во Македонија и додаде дека во текот на денот ќе стапи во контакт со колегата Ѓорѓе Иванов, пренесува Хина.

За време на посетата на Авганистан, хрватската претседателка во Кабул, во делот на населбата каде се сместени македонските војници во меѓународната мисија, по повод случувањата во Куманови, изрази сочуство до државјаните на Македонија, а посебно на семејствата на жртвите.

– Загрижена сум од случувањата во македонија и ја користим можноста да изразам длабоко сочуство до македонските државјани и посебно на семејствата на загинатите во последните денови, како во свое име, така и во име на Република Хрватска, рече Грабар-Китаровиќ.

Таа во Авганистан се сретна со припадниците на хрватскиот контингент на мисијата „Одлучна поддршка“ во командата на таа мисија во Кабул.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами