Хрватска планира враќање на кредитниот рејтинг на инвестициско ниво во 2016 година

Од:

Хрватска планира до крајот на 2016 година да го врати кредитниот рејтинг на инвестициско ниво, а за таа цел подготвува силна буџетска консолидација, намалување на субвенциите и реструктуирање на државните компании, изјави денеска министерот за финансии Борис Лаловац.

Лаловац нагласи дека Хрватска, која од 2013 година е членка на ЕУ, годинава ќе се фокусира на внатрешно кредитирање, а излегување на меѓународни пазари е можно кон крајот на годината, пренесува БТА.

– Верувам дека до крајот на 2016 година ќе покажеме на рејтинг агенциите, дека нашите буџетски напори, кои немаат алтернатива, заслужуваат да бидат наградени со зголемување на нивото на кредитниот рејтинг, изјави Лаловац.

Најголемите три рејтинг агенции го намалија рејтингот на Хрватска во 2012 и 2013 година до категорија „ѓубре“. По шест годишна рецесија, годинава со очекуван раст од 0,5 проценти, додека рејтинг агенциите го оценуваат рејтингот на Хрватска на еден степен под инвестициско ниво.

Загреб е под набљудување од Брисел за макроекономски дисбаланс и прекумерен дефицит. Буџетскиот дефицит минатата година изнесува 5,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а државниот долг е околу 85 проценти и се зголемува.

Хрватска планира да го намали буџетскиот дефицит годинава на пет проценти од БДП и да го намали до 2,7 проценти во 2017, една година подоцна од планираното. Според министерот за финансии поради новата методологија на ЕУ буџетскиот дефицит минатата година е повисок од планираното и затоа ЕК треба да прифати едногодишно одложување на исполнувањето на целите за буџетскиот дефицит.

Лаловац нагласи дека државниот долг на Хрватска ќе го достигне врвот во 2017 година, кога ќе изнесува околу 90 проценти од БДП, додавајќи дека нема опасност земјата да не може да ги исполни своите финансиски обврски.

Според него Хрватска претстојниот период ќе се фокусира на кратење на трошоците со намалување на субвенциите, реструктурирање на државните компании и поефикасна државна администрација.

– Со сигурност нема да има намалување на пензиите, бидејќи тие веќе се доста ниски за повеќето луѓе, истакна Лаловац.

Тој нагласи дека Хрватска ќе се насочи кон внатрешно кредитирање за задоволување на финансиските потреби. Во март Хрватска излезе на меѓународните пазари со емитување на обврзници во вредност од 1,5 милијарди евра. – Има доволно ликвидни средства за тоа. Можност за барање на средства од надвор има само кон крајот на годинава, пред изборите, како предфинансирање за 2016 година, истакна Лаловац.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами