Претседателот на УМНО, најголемата партија во коалицијата што е на власт во Малезијат, Датук Балакришнан денеска изјави дека во Малезија девојките и жените се почесто стануваат водачи на гангстерските тријади кои криминалните активности ги започнуваат со наплата на „заштита’’ на средношколки и студенти, а често се вклучени и во тешки грабежи и трговија со наркотици.
Според Балакришнан, кој изјавата ја дал врз основа на податоци од полицијата, најмалку 1.300 девојки и жени се водачи на криминалните „тријади’’. Тие, познати и по прекарот „големите сестри’’ делуваат во рамки на поголеми гангстерски групи, а покрај криминалните активности имаат задача да регрутираат нови членки на ганговите.
Во криминалните акции во Малезија, откриени минатата година, над 10 посто од актерите биле жени, Во полициските анализи се наведува дека жените криминалци не биле ништо помалку насилни од нивните машки колеги и дка, најчесто, дамите од подземјето не се покајале за злоделата што ги прават.