Популарниот актер Бред Пит доби тешка задача, но затоа е и одлично платен – компанијата „Chanel“ му даде дури седум милиони евра за улогата во новата реклама за No. 5.
Засега се објавени три „тизери“, а одговорите на прашањата кои се поставени – Каде? Зошто? и Мистерија? ќе ги добиеме на 15-ти октомври за кога е најавена премиерата на рекламата.
До сега Chanel No. 5 го рекламираа Мерлин Монро, Кетрин Денев, Одри Тату и Никол Кидман.