Неименуван дресер на алигатори од Бомонт за малку ќе останеше без раце, благодарејќи на тоа што не се договори најдобро со партнерот со кој изведуваше точка пред стотици гледачи во тексашкиот град Олд Таун Спринг.
Момчето појде кон алигаторот со цела доверба дека неговиот колега ги држи под контрола неговите вилици, но тој бил се уште слободен и го зграби во пределот на лактот.
Дресерот со колут напред некако успеа да се спаси, а колку имал среќа покажува податокот дека на крајот немало потреба за шиење на раката.
– И ние сме само луѓе кои грешиме и верувајте ми дека дресерот ваква грешка повеќе никогаш нема да повтори, рече првиот човек на претставата и сопственик на паркот со алигатори во Бомонт Гери Сораж.
Интересно е дека настраданиот тренер, чии проблеми ги гледале само неколку метри оддалечени деца, во моментот на инцидентот на себе носел маица со натпис „Брзи раце или нема раце“, јави Индекс.