Бегалската криза во Средоземното Море: ЕУ безуспешно крши раце

Од:

Гардијан – Лондон

Чудо на модерната инженерска мисла – најдолгиот патен и железнички мост во Европа ja соединува Скандинавија со главните европски транспортни мрежи, и ги поврзува шведскиот град Малме со данската престолнина Копенхаген преку протокот Оресунд.

Осум киломери долгиот мост ги спои Шведска и Данска. Но кога станува збор за односот кон новодојденците, двете соседни држави се на два различни колосеци. Додека Данците практикуваат најрестриктивна емигрантска политика во ЕУ, Швеѓаните имаат најотворен и најлиберален режим кон бегалците и оние кои бараат азил во Евросојузот. За странците кои склучиле брак со Данци, тешко е да добијат право да живеат во Данска. А во Шведска само во изминатата година биле одобрени 80 илјади барања за азил – што е над два пати повеќе отколку во Велика Британија која е шест пати поголема со население.

Во однос на емиграцијата, политиките на Шведска и Данска се како огнот и водата. Тоа пак е пример како во жарот на средоземноморската емиграциска криза во која гледаме како стотици илјади луѓе ја предаваат својата животна судбина на мрежи од трафиканти и го ризикуваат својот живот за да стигнат до сонуваните брегови на Европа, не постои нешто такво како што е еввропска (или општа за ЕУ) емигрантска политика.

Додека трагедиите во водите помеѓу Либија и Италија се множат секоја измината седмица, медиуми, експерти, пратеници, невладини хуманитарни организации, гласно настојуваат да разберат што мисли Европа да прави по ова прашање. Очајаот и страдањата кои потресени ги гледаме по телевизиите и на интернет, го потхрануваат негодувањето кон Брисел, додека неизбрани, наконтени еврократи, како што се тврди, покажуваат некадарност, беспомошност и цинична желба дека сакаат да најдат адекватен одговор.

Всушност, бриселските институции имаат минимална власт врз емирацијјата во Европа. Велика Британија самата решава, а не Брисел, колку протерани сиријци да прими. Берлин и германските провинциски власти сами определуваат дали да дадат азил или да биде извершена депортација. Ете зошто министрите за внатрепни работи на 28-те влади на средбата во понеделникот во Луксембург можеа да се договорат или не што да се прави со Лампедуза, а Еврокомисијата или Европарламентот се задоволија само со жалење или празни зборови. Демонстрирајќи очајна беспомошност, комисијата во Брисел падна уште пониско во неделата кога рече дека е „огорчена“ од катастрофата со рибарското бротче во саботата ноќта, што што загинале можеби и над 900 души.

Европската емиграциска политика е натрупан котел, крцка од 28 сосема различни национални системи кои се ограничени од националните политики и го носат печатот на локалната култура и историја. Големите етнички малцинства во Велика Британија и Франција се остаток од империските времиња. Германската мултикултурност произлегува од странската работна сила, главно турска, која е дојдена да го помогне „економското чудо“ од 60-ите годиин од минатиот век. Новите земји членки на ЕУ од Источна Европа, до пред едно поколение беа затворени општества зад железната завеса, без можност за масовна емиграција, со исклучокк на бегствата на нивните локални жители од руската окупација. Тие продложија „да ги изнесуваат“ своите луѓе кон западна Европа откако почна процесот на нивно приклучување кон ЕУ во 2004 година.

Минатата година, Естонија примила 155 молби за азил, според податоци од ЕУ. Германија пак примила над 200 илјади – или една третина од сите поднесени молби за азил во ЕУ (или вкупно 626 илјади, или скоро 200 илјади повеќе отколку пред една година).

На седум држави (или една четвртина од сите членки на ЕУ) отпаѓаат над три четвртини од молбите за азил. Повеќето се одбивани. Иако во 2013 година 425 илјади молби биле одбиени, сепак помалку од 40 проценти од одбиените завршиле со депортирање.

Во последната деценија, од Брисел доаѓаат безброј предлози за единствена и координирана политика (за емиграцијата) кои варираат од шеми за „сина карта“ (слично на американската „зелена карта“) до олеснување на легален влез на емигранти во ЕУ. Но прифаќањето на општа за ЕУ шема е „забранета зона“ за сите национални влади со исклучок на оние кои би имале корист од неа, затоа што таа би вовела систем од квоти и порамномерно рапоредување на бегалците и на оние кои бараат азил во земјите од ЕУ.

Сегашните влади со лево или десноцентристичи карактер, стравуваат од тоа затоа што емиграцијата е една од најопасните и трнливи теми во националната политика на многу земји. Британскиот премиер Дејвид Камерон се плаши од Јукип (Партијата за независност на Обединетото кралство) по ова прашање и се спротивставува на останатите земји од ЕУ односно на слободата на движење во Европа. Германскиот канцелар Ангела Меркел исто под око ги држи неодамнешните големи антиемигрантски улични протести против „исламизацијата на Западот“ во нејзината земја.

Кога порашениот француски претседател Николас Саркози бараше начин да се потсмее на популарноста на антиемигрантската Национален фронт на Марин Ле Пен, тој избра потврд јазик по темата за емиграцијата. Сегашниот премиер социјалист Мануел Валс исто прибегна до соодветен број додека беше министер за внатрешни работи.

Во неделата на парламентарните избори во Финска, антиемигрантските популисти под името Партија на вистинските финци стигнаа на второ место и сега претендираат за учество во коалиициска влада. Тврдата линија на Данска во послениве 15 години се должи на влијанието врз коалиицската политика од страна на националистичката антиемигрантска Данска народна партија. Слична политичка динамика гледаме и во Австрија, Холандија, Грција, Италија и во Унгарија.

Факторот „страв“ е валиден и за Брисел. При последната трагедија кај Лампедуза со над 300 жртви во октомври 2013 година, европската емиграциска политика влезе во дневниот ред на една од средбите на врвот на ЕУ. Тогаш Херман ван Ромпуј, кој ја организираше и претседаваше со средбата, ја одложи темата за јуни минатата година. Зошто? Затоа што националните лидери сметаат дека тоа ќе даде импулс на антиемигрантските партии на изборите за европарламентот во мај минатата година.

В четвток во Милано лидерите на Европската народна партија – најголемото политичко семејство во Европарламентот, треба да разговараат по тоа прашање. Во нивната сеуште неконечна политичка проект декларација до која Гардијан успеа да дојде, се зборува за воведување на квоти за распределување на емигрантите од 28-те земји членки според нивниот размер на богатство и во зависност од тоа дали некаков „праг“ од наплив на бегалци во земјата бил достигнат. Треба да се разработи шема за внатрешно разместување на бегалци од ЕУ“, стои во документот.

Следниот месец Европската комисија ќе претстави дискусиски насоки за европската емигрантска политика, кои ќе содржат соодветни предлози. Владите веројатно ќе се дистанциараат од слични мешања. како што и претходно правеле. Но ситуацијата во Средоземното море излегува од контрола. Доаѓа лето и наслови за „Срамот на Европа“. Политичарите може да ги испуштат нештата, затоа што ситуацијата налага политички решенија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Лишен од слобода криумчар на мигранти