Активист на ВМРО-ДПМНЕ нападнал набљудувачи на ЦИВИЛ: Луѓето немаат леб да јадат, а вие го браните ГТЦ

Од:

Симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ вербално нападнал двајца набљудувачи на невладината организација ЦИВИЛ и член на избирачкиот одбор на улицата „Џуро Ѓоновиќ“, велат од ЦИВИЛ.

Настанот се случил утринава за време на гласањето на референдумот, а притоа интеревенирала и полицијата.

Од ЦИВИЛ велат дека партискиот активист ги навредувал набљудувачите. И ги прашувал како можат да го штитат ГТЦ кога луѓето немаат што да јадат.

Членка на избирачкиот одбор на гласачкото место од оваа улица излегла да ја смири сутуацијата но била и таа нападната.

civil (1)

ЦИВИЛ инфотмитаат за брјни нерегуларности од почетокот на гласањето.

Велат дека имаат докази како активисти на ВМРО ги дезинформираат граѓаните. Според нив поранешна советничка во Советот на Општина Центар заедно со лица, кои го преставувала како архитекти, како одат од стан на стан и дезинформираат дека референудмот нема да се одржи.

ЦИВИЛ велат дека имаат и снимки од овие случаеви.

Набљудувач на ЦИВИЛ приметил дека на едно избирачко место активист на истата партија на список ги обележувал луѓето што дошле да гласаат.

На наколу избирачки места била попречена работата на набљудувачите на ЦИЛИВ така што, овластувањата им биле одземени и копирани за потоа да им бидат вратени.

На неколку избирачки места, велат од таму избирачите не можеле да се најдат на избирачкиот список и се откажале од гласање.

Членовите на избирачките одбори не се обидувале да им помогнат.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов