Лавица од зоолошката градина во Амневил во источна Франција, на свет донесе пет бели лавчиња, јави дописникот на МИА од Париз.
Лавицата Малинди и таткото на лавчињата Буба се од зоолошката градина Ла Флеш.
Белите лавови се природна генетска мутација на јужноафриканските лавови од резерватот Тимбавати. Тие се многу ретки и припадниците на племтот Зулу ги сметаат за свети животни, кои носат порака од боговите.
Легендата вели дека белите лавови носат просперитет и среќа.