Прозападниот естонски премиер Таави Ривас заврши со формирањето на владина коалиција по парламентарните избори во земјата одржани на 1 март годинава.
Центристичката Естонска партија на реформите на Ривас и Социјалдемократската партија го обновија своето партнерство. Во коалицијата е вклучен и конзервативниот Сојуз „Про партија“ и „Рес публика“, така што, новата владејачка коалиција ќе контролира 59 од вкупно 101 место во парламентот.
Аналитичарите учекуваат коалицијата да ги продолжи, дури и да ги зајакне ангажманите на Естонија во НАТО и ЕУ, каде земјата е членка од 2004 година. Талин пристапи на еврозоната во 2011 година.
Таави Ривас (35) е најмладиот премиер во ЕУ. Најстариот од неговите 14 министри има 55 години, а осум од нив се под 40 годишна возраст.
Претседателот на Социјалдемократската партија Свен Миксер, чија партија има 15 пратеници, ќе остане министер за одбрана. Кејт Пентус-Розуманус од Естонската партија на реформите ќе биде министер за внатрешни работи.
Новата влада на Ривас останува да добие официјална потврда од претседателот Томас Хендрик Илвес.