ВИДЕО: Идентификуван „вонземјанинот“ кој предизвика бура на интернет

Од:

Пред неколку месеци на интернет се прошири снимка на „чудно суштество“ снимено на индонезискиот остров Борнео.

Суштеството го забележаа група работници на плантажа во близина на селото Сибу, но бидејќи не биле сигурни за што се работи, со стапови го избркале назад во шумата.

На видеото што беше објавено на ЈуТјуб може да се види како суштеството бега од неговите напаѓачи. Тоа досега има повеќе од шест милиони прегледи.

И покрај тоа што на социјалните мрежи се прошири приказна дека станува збор за „вознемјанин“, научниците утврдија дека во прашање е посебен вид на мечка наречен Сончева мечка, а снименото животно боледува од ретка болест.

– Тој вид е заштитен на Борнео, па затоа беше потребно да се направи нешто за да се спаси и да и се пружи медицинска помош, изјави за „Борнео Пост“, Никсон Роби, член на организација за заштита на животните. – Мечката засега е во добра состојба. Јаде и пие вода што и ја  даваме. Но, се уште нема крзно, па мораме да откриеме која болест е во прашање, додава Роби.

Екипата на организацијата на Роби го пребарувала подрачјето и ја нашла мечката. Таа на почетокот била уплашена и агресивна, но сега е смирена и ја добива потребната помош:

– Само што ја донесовме во центарот. Ветеринарот ќе ја прегледа за да откриеме како треба да ја лекуваме. Се надеваме дека брзо ќе заздрави, за да ја вратиме повторно во дивината, истакна Роби.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

Американската влада отвора нова канцеларија за следење на вонземјаните

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска