Во Малезија уапсени 17 луѓе кои подготвувале терористички напади

Од:

Седумнаесет луѓе се приведени поради сомнение дека планирале терористички напади во малезискиот главен град Куала Лумпур. Двајца од уапсените се лица вратени од Сирија, објави началникот на полицијата Халид Абу Бакар.

Вкупно 92 лица за кои се смета дека имаат врски со џихадистичката Исламска држава биле приведени во Малезија од минатата година.

Последните апсења се извршени неколку дена откако Министерството за внатрешни работи предложи два нови закона за борба со тероризмот.

Согласно едениот нацрт закон, властите ќе може да приведат лица на неопределено време без да ги судат. Другиот предвидува одземање на пасошот на секој што е осомничен за учество или поддршка на терористички акции. Двата нацрт закона ќе бидат разгледани оваа недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски