Многу интересна интерактивна мапа која покажува за секоја земја поединечно, за корисници на Фејсбук со кои земји имаат најмногу врски.
Социјалните мрежи и мобилната технологија го сменија начинот на кој луѓето комуницираат, Фејсбук има една милијарда активни корисници за осум години од своето постоење.
Мапата покажува кој со кого е најдобар пријател на Фејсбук. На пример, ако сте одбрале Јордан, на сајтот ќе видите дека корисници на Фејсбук во Јордан имаат најмногу врските со палестинските жители.
Картата се фокусира на историски, економски, јазични и културни врски помеѓу земјите.