ОН: Над 25.000 странци се приклучиле на џихадисти во Сирија, Ирак и Либија

Од:

Голем број странци од над сто држави се приклучиле кон џихадистички групи, меѓу кои „Исламска држава“ и Ал Каеда, во најголем дел во Сирија, Ирак и се повеќе во Либија, се наведува во извештај на ОН.

Според извештајот составен од група експерти, над 25 илјади странски борци учествуваат во вооружени конфликти. Оваа бројка е лоша вест за ОН, кои се обидуваат да го запрат протокот на странски екстремисти, што во извештајот се оценува како итен проблем за светската безбедност.

Советот за безбедност на ОН усвои во септември резолуција, со која се повикуваат државите да преземат мерки со кои ќе се спречат своите граѓани да станат борци.

Според извештајот бројот на странски борци е зголемен за 71 процент во светот од средината на 2014 година до март 2015 година, а најголем раст е забележан во Европа и Азија.

Голем број странски борци заминуваат од Тунис, Мароко, Франција и Русија, но во извештајот се истакнува и појавата на нови канали за регрутирање џихадисти од Малдивите, Финска, Тринидад и Тобаго, како и од африканските земји јужно од Сахара.

Сирија и Ирак прераснаа во вистински центри за обука на џихадисти, како што беше Авганистан во 80-тите години, се наведува во извештајот. Иако, овие две земји привлекуваат најголем број странски борци, во Авганистан заминале 6.500 борци, значителен број се упатиле и кон Јемен, Пакистан, Сомалија и Либија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство