Светот мора да ја поддржи борбата против Боко Харам, бараат африканските земји во ОН

Од:

Меѓународната заедница мора да ја засили поддршката за државите кои се соочени со напади од екстремистичката група Боко Харам, се наведува во нацрт резолуцијата на група африкански држави што денеска беше претставена пред Советот за човекови права на Обединетите нации.

Во текстот на документот, претставен на специјална седница на Саветот, меѓународната заедница се повикува да даде „активна и повеќеслојна поддршка за Камерун, Чад, Нигер и Нигерија и другите држави погодени од делувањето на терористичката група Боко Харам“.

Помошта треба да биде дадена на барање на овие држави, „и во блиска соработка со нивните влади“, се наведува во документот, пренесуваат француските медиуми.

Претставникот на Африканската унија, Пјер Бујоја, зборувајќи во име на Мали и областа Сахел, предупреди дека Боко Харам, како терористичка група, е многу повеќе од регионална закана…таа е, исто така, и глобална закана“.

Во борбата на Боко Харам, насочена кон создавање исламистичка држава, од 2009 година досега погинаа  намалку 15.000 лица, изјави високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал-Хусеин.

– Уште безброј деца, жени и мажи се грабнати, злоставувани и насилно регрутирани…а жени и девојки биле цел на посебно ужасно злоставување, вклучувајќи и сексуално поробување, рече Хусеин.

Тој притоа ги опиша застрашувачките извештаи, според кои Боко Харам често децата ги користи како топовско месо, додавајќи дека „телата на деца на возраст од околу 12 години се рафрлани ширум борбените полиња“.

Хусеин, исто така, изрази згрозување заради  користењето на децата како човечки бомби, и додаде дека, доколку таквите извештаи се потврдат, многу од злосторствата на оваа група можат да се подведат под „воени злосторства и злосторства против човештвото“.

Во текот на шестгодишните борби на Боко Харам, околу 1,5 милион лица од североистокот на Нигерија биле присилени да ги напуштат своите домови.

Групата, која неодамна се обврза на верност кон Исламска држава, ги засили нападите во соседните држави.

Нападите на оваа екстремистичка група делумно заслабнаа од неодамнешното напредување на нигериската војска и нејзините коалициски партнери Нигер, Камерун и Чад, наведоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство