Македонецот Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна 1 на Хималаите

Од:

Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна 1 на Хималаите висок 8.091 метар, кој се смета за еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување, соопшти денеска Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Дејановиќ врвот го искачил на 24 март годинава во 14.45 часот по локално време. На врвот Анапурна 1 досега се забележани само 192 искачувања од планинарски експедиции.

Двајца планинари Пемба Шерпа од Непал и Самули Мансика од Финска кои се наоѓале во истата група со Дејановиќ, по успешното искачување на Анапуран 1, при спуштање трагично го губат својот живот.

– Суровоста на природата и агонијата на ова искачување, а особено слегувањето од врвот после оваа голема несреќа ги надополнуваат големите лавини, во една од нив губат дел од опремата. Многу ниската температура од околу – 50 степени, следена со леден ветар, уште на врвот предизвикала смрзнатини на лицето и на рацете. Поради големата исцрпеност, тимот изгубил многу време и бил принуден да преспие на 7.400 метри. Следниот ден продолжиле до кампот 4, каде се реализира и контакт со Здравко Дејановиќ кој известува дека „сите членови имаат некакви повреди, психички и физички, а тој самиот има смрзнатини на рацете, но оти се чуствува добро, се вели во соопштението од Федерацијата на планинарски спортови на Мкаедонија.

Дејановиќ денеска во 1:30 часот по локално време пристигнал во базниот камп каде со хелихоптер со другите членови, треба да биде превезен до болницата во Катманду, Непал.

– Ова е огромен успех за македонското планинарство. Здравко Дејановиќ со ова стана прв и единствен Македонец кој до сега има искачено три врва над 8000 метра, а со ланското искачување на К2  и овогодишното на Аннапурна 1, како и со претходно искачениот Монт Еверест, до денес е нашиот најуспешен ХИМАЛАЕЦ, чии успеси полека влегуваат и како врвни, светски достигнувања во Хималаизмот, се истакнува во соопштението. 

Би можело да ве интересира

Двајца тетовски алпинисти го освоија Арарат, највисокиот врв во Турција

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Арсова: Достигнав животна цел и ја направив горда нацијата

Искра Манојлоска

Илина Арсова е прва Македонка што ги искачи сите седум највисоки врвови на сите седум континенти

Татјана Ташкова

Александар Кирковски успешно се искачи на алпскиот врв Вајсхорн

Првата црна жена Африканка што го освоила Монт Еверест

Ана Ололовска

Јубилеј – 30 години од освојувањето на Монт Еверест од првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска