Кошаркарите на МЗТ Скопје го доживеаја првиот пораз во дебитанската сезона во АБА Јадранската лига, по двете стартни победи над Цибона и Широки.
Подгоричка Будуќност беше пресилен противник на гостински терен, славеа со 81:71. Бост беше најрасоложен кај домаќините со 15 поени, додека кај нашиот шампион Дамјан Стојановски постигна 13 поени, а Кејт Дејвис 11 поени.
Следниот предивик за „Металците“ е Раднички Крагујевац на домашен терен наредниот викенд.