Од денеска до 30. март во галеријата „Остен“ ќе биде отворена 45. Светска галерија на карикатури „Скопје 2014“, на која ќе бидат изложени избрани карикатури од конкурсот за дигитални карикатури на тема „Фудбал”.
Селектор е карикатуристот Мице Јанкуловски, а наградени автори се Серјан Каферли од Азербејџан, Игор Смирнов од Русија и Јинг Шан Ли од Кина.
Конкурсот беше распишан минатата година, а фудбалот како тема е избран поради Светското првентство во Бразил.
Изложбата може да се посети во галерија „Остен“ секој работен ден од 9 до 17 часот и во сабота од 10 до 14 часот.