Берлин со порака до Атина: Вака веќе не може

Од:

Германскиот вице-канцелар и министер за економија Зигмар Габриел побара Грција да прекине со провокациите и личните навреди кон германските политичари, јави дописникот на МИА од Берлин.

Габриел, кој е лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), втората по големина партија во владината коалиција предводена од Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, вели дека „веќе не може да ги разбере континуираните напади од Грција кон Германија, ниту навредите од грчките владини претставници кон германскиот министерот за финансии Волфганг Шојбле“.

– Да бидам искрен ова е премногу. Не може да продолжи вака. Ова не е начин на кој што се однесувате со луѓето, порача Габриел.

Изјавата на Габриел уследи откако грчкиот министер за одбрана Панос Каменос го обвини Шојбле за „труење на германско-грчките односи“ и за корупција, но пред германките медиуми да објават снимка на која грчкиот министер за финансии Јанис Вaруфакис го покажува средниот прст кога зборува за Германија на еден јавен настап од 2013 година.

Откако минатата недела Шојбле го промени ставот и сега не ја исклучува можноста Грција да ја напушти еврозоната, весникот „Ханделсблат“ објави изјава на лице блиско до вискоите германски владини кругови, кое вели дека се се сведува на тоа дали Грција ќе го спроведе ветеното.

– Шансата да падне договор за помош за Грција полека станува се помала, вели изворот на „Ханделсблат“.

Според анкета објавена во петокот, дури 52 отсто од Германците сакаат Грција да излезе од еврозоната, што е за дури 11 процентни поени повеќе од минатиот месец.

Грција денеска треба да им исплати 580 милиони евра на своите доверители, во услови кога Варуфакис тврди дека проблемите со ликвидноста на неговата земја се „мали и незначителни“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи