Хаска по име Зандер бил толку тажен за отсуството на неговиот сопственик, што успеал да го пронајде во болница три километри далеку од својот дом. Кога Џон Долан е примен поради лекување од кожна болест, кучето избегало и трчало по прометните улици, за да стигне до газдата.
Откако Џон Долан е примен во болницата во Њујорк, неговото куче Зендер со денови тагувало. Според сопругата Присила Долан, “лежеше и цвилеше од утро до вечер”.
Кога сфатил дека тоа нема да го врати неговиот газда дома, се решил самиот да оди во потрага по него. Како што пренесува “Хафингтон пост”, животното излегло низ задната врата и преминало преку неколку прометни улици, за да стигне до болницата.
Додека Долан лежел во кревет, еден член на персоналот на болницата прокоментирал дека пред влезот има бело Хаска. Човекот веднаш знаел дека тоа е неговото куче, кое го спасил од улица пред пет години.
-Жена ми ми кажа дека после моето заминување, седел во мојата фотелја и цвилел. Изгледал многу тажно”. изјави Долан за “ABC News”.
Човекот истакна дека болницата се наоѓа во дел од градот каде Зандер никогаш не бил.