Стратешкиот ирачки град Тикрит што се наоѓа меѓу Багдад и Мосул се уште не е под целосна контрола на ирачкиата Влада, јави Би-Би-Си и други западни медиуми.
Претходно Тасс јави дека Тикрит е под целосна контрола на ирачката армија. Агенцијата се повика на ирански медиуми кои тврдеа дека цитираат изјава на ирачкиот министер за одбрана Халед ал Обеиди.
Сега, шефот на една од шиитските милиции кои ги поддржуваат ирачките сили во офанзивата врз Тикрит изјави дека борци на Исламска држава продолжуваат да држат околу 70 отсто од центарот на градот.
Британскиот медиум јави дека неколку стотици припадници на ИД можно е да се се уште во Тикрит и оти борбите ќе траат најмалку три дена.
Во офанзивата на Тикрит учествуваат над 20.000 ирачки војници и припадници на шиитски милиции. Навлегоа во Тикрит во средата и презедоа некои зони во градот. Тоа е најголемата офанзива против ИД во Ирак досега.