Русија спречи балканско сценарио во Украина, смета руски пратеник

Од:

Благодарејќи на принципиелниот став на Русија кон Донбас, спречено е повторување на балканското сценарио од 1999 година, изјави Франц Клинцевич, заменик шеф на пратеничката група на „Единствена Русија“.

– Ситуацијата можеше да биде многу полоша отколку на Балканот. Русија и нејзиниот принципиелен став го спречија повторувањето на сценариото од 1999 година, кога силите на НАТО влегоа во Југославија без мандат од ОН, истакна Клинцевич, кој е член на Комитетот за одбрана на руската Дума.

Тој реагираше како одговор на изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека ситуацијата во Украина е најлошата криза во Европа од Балканските војни.

– Нападите на НАТО во Украина би можеле да ја доведат меѓународната заедница до голема војна, смета Клинцевич.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев