Земан: Нема докази за присуство на руска војска во Украина

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан останува на својот став дека во Украина не постојат докази за присуство на руски војници и покрај тоа што за тоа се погласно се зборува во медиумите и Северноатлантската алијанса отворено ја повика Русија да престане во земјата да испраќа техника и војска, јави дописникот на МИА од Прага.

– Покажа некој на телевизија макар и еден заробен руски војник? – одговара прашално Земан во врска со тврдењата дека дел од Украина е под влијание на руската војска.

Неговиот став се разликува од информациите кои ги има чешката Влада.

– Имаме цела низа индиции, дека се повторуваат случаи на преминување на границата од руски вооружени сили и додавање материјали, изјави неодамна шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек.

На страната на Кремљ останува Земан и во врска со најгорливото прашање во врска со убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов.

Убиството го призна поранешен чеченски полицаец, кому му пречела критиката на Исламот од страна на Немцов, но опозицијата не верува дека тој е вистинскиот извршител.

Минатата година, во време на украинската криза, Земан учествуваше на настан организиран од Владимир Јакунин, шефот на руската железница и близок пријател на претседателот на Русија Владимир Путин, за што беше критикуван и од домашните и странските медиуми.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје