Хуг: Ветувачки сигнал е повлекувањето на тешкото вооружување

Од:

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) гледа со внимателен оптимизам на повлекувањето на тешкото вооружување од фронот во источна Украина, а заменик шефот на набљудувачката мисија Александер Хуг актуелната ситуација денеска ја оцени како „ветувачки сигнал“.

Во изјават за АПА тој рече дека не може ниту да ги потврди ниту да ги демантира тврдењата на украинските власти дека од регионот на Донбас е повлечено тешкото вооружување.

Лесното и тешкото вооружување се поместува, како од страна на украинската војска, така и од проруските сили, рече Хуг, додавајќи дека не може да потврди дали навистина се повлекува или само се поместува.

– Морам да појаснам дека набљудувањето се разликува од верификација, нагласи Хуг, дополнувајќи дека на набљудувачите на ОБСЕ и натаму, во одделни делови, не им е дозволен пристап, што и натаму претставува голем проблем за мисијата.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина