ХЕРА: Жените од Шутка имаат потреба од гинеколог

Од:

Повеќе од 8.000 жени во репродуктивен период од Шутка имаат потреба од матичен гинеколог во својата општина, истакнаа денеска на прес-конференција од иницијативата на жени од Шуто Оризари.

Како што информираат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., тие во јуни минатата година го покренале ова прашање, по што се понудило парцијално решение.

– По налог на  Министерството за здравство од 1 јули 2014 во здравствениот дом во Шуто Оризари се обезбедуваат гинеколошки услуги еднаш неделно. На овој начин ниту од далеку не можат да се задоволат потребите на жените од општината и не се нудат услуги кои ги нудат матичните гинеколози, односно не може да се следи бременост, не се прават ПАП тестови и микробиолошки брисеви, ниту пак може да се упатуваат жените за лабораториски испитувања и до болничките установи, се вели во соопштението на ХЕРА.

Според Салија Бекир Халил, активистка, повеќе од 8.000 жени од Шуто Оризари кои се наоѓаат во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во својата општина, а со тоа им е отежнат пристапот за редовно следење и грижа за своето репродуктивно здравје.

Преку петицијата, која жените самоиницијатвно ја спровеле, бараат од Министерството за здравство да најде начин за отворање постојана ординација на матичен гинеколог, со што ќе се гарантира правото на пристап до квалитетни услуги поврзани со репродуктивното здравје кое го имаат сите граѓани на Македонија.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Македонија мора да го забрза одговорот : една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството