Граѓаните на Естонија денеска излегуваат на парламентарни избори на кои се очекува дека мнозинство гласови ќе добие Естонската реформистичка партија на чело со актуелниот премиер Тави Роивас.
Најновите анкети, чии рзултати се објавени синоќа, покажуваат дека реформистичката партија ќе освои 26 отсто од гласовите, а следуваат опозициската проруска Центристичка партија со 22 отсто и Социјалдемократите со 19 отсто.
Аналитичарите предвидуваат дека партијата на премиерот Роивас, која досега беше најбројна во естонскиот Парламент со 33 од 101 пратеници, ќе ја обнови коалицијата со Социјалдемократите.