Укината забраната за брачно неверство во Јужна Кореја

Од:

Уставниот суд на Јужна Кореја го прогласи за неуставен и го укина законот, според кој брачното неверство се сметаше за криминален акт, а прељубниците по правило добиваа две годишна затворска казна.

Законот бил донесен во 1953 година, со што Јужна Кореја беше една од ретките немуслимански држави кои љубовното неверство го казнуваше со затвор.

Уставноста на овој закон во Сеул досега беше преиспитувана пет пати, а за донесувањето на одлуката за негово укинување гласале седум од деветте судии.

Во образложението на судската одлука се вели дека „грижата за моралот е индивидуално демократско право на лицата што се во брачна заедница“, како и дека законот посебно бил дискриминирачки за женската популација.

Во последните шест години на двегодишна казна за неверство биле осудени 5.500 лица, од кои 90 отсто биле жени. Само минатата година на двегодишен затвор биле осудени околу 900 прељубници.

Јавноста во Јужна Кореја го поздрави укинувањето на законот за неверство, но протестираа производителите на кондоми кои сметаат дека им е „загрозен бизнисот“.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски