Јужнокорејски пар доживеал неверојатен шок кога во тек на прошетка низ градот пред нив се отворила земјата и ги голтнала.
Неидентификуваните лица кои се опоравуваат во локалната болница, може да се видат на снимката, во моментот кога пропаѓаат во дупката, длабока 4 метри, која се отворила на тротоар, во Сеул, во близина на градилиште на стамбена зграда од 39 ката.
На видео записот се гледа моментот кога парот излегува од автобус, а потоа за секунда исчезнува во дупката.
За среќа пожарникарите успеале да ги извлечат, а според пишувањето на „Индепендент“ поминале со полесни повреди.
Е. Г.