ИСИС објави нова потресна видео снимка од обука на деца, од кои некои имаат само пет години, а кои инструкторите ги принудуваат да ги убиваат неверниците и предавниците.
На записот кој е снимен во сирискиот град Рака и кој трае девет минути се гледа како инструктор вежба децата кои носат маскирни униформи и црни ленти на главите, по што се молат пред две вкрстени автоматски пушки.
-Исламска држава има неколку кампови во кои ги обучува децата на возраст до 15 години за борба против неверниците и предавниците. Тренинзите се состојат од физичка обука, а потоа децата ги учат да пукаат со автоматско оружје. Тие користат кукли на кои на децата им покажуваат како да им ја пресечат главата на луѓето, но и ги принудуваат да ги гледаат најзастрашувачките тортури – тврди еден ирачки разузнавачки извор.
Западните медиуми пренесуваат дека ИСИС на територијата на Ирак, опожарила неколку библиотеки, во кои изгореле повеќе од 100.000 книги, меѓу кои и ракописи стари и по неколку векови.
Од сепрември 2014 година, кога меѓународната коалиција предводена од САД започна воздушни удари врз позициите на исламистите во Сирија загинаа околу 1.600 џихадисти.
Е. Г.