Британскиот атлетичар Мо Фарах постави нов светски рекорд во сала на две милји. Тој на митингот во Бирмингем патеката ја истрча со време од 8:03.40 минути.
Досегашниот рекорд беше во сопственост на Кенениса Бекеле, поставен пред седум години и изнесуваше 8:04.35 минути.
Фарах (31) е двократен олимписки и светски шампион.