НАТО: Руската војска е опасност

Од:

НАТО предупреди дека руската војска претставува опасност за Алијансата и дека таа е распоредена во источна Украина иако Москва тоа го негира.

Заменик командантот на заедничката команда за Европа, генерал полковникот Едријен Бредшо, наведе дека се претпоставува дека руските конвенционални сили во иднина би можеле да бидат искористени не само за заплашување, туку и за потенцијално заземање на територии на НАТО.

Тој во говорот во Кралскиот институт за одбрана и безбедносни студии во Лондон, истакна дека НАТО ќе започне да формира здружени воени единици во секоја од источните држави, кои би биле поддршка на Алијансата во тек на „константниот натпревар со Русија“.

Тие единици исто така ќе го олеснат распоредувањето на НАТО силите, а по потреба и ќе помагаат за одржување на „мултинационалното присуство на НАТО“, во источните држави.

Во тек на последните неколку месеци НАТО го зајакна своето воено присуство во балтичките држави поради украинската криза, а Алијансата тврди дека тој потег бил неопходен со цел да се обезбедат нејзините членки.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата