Стотици лица се евакуирани во Дубаи поради пожар кој два часа по полноќ според локално време избил во „Торч“, една од највисоките станбени згради во светот, пренесе „Ројтерс“.
Според лекарски извори, нема повредени, ниту загинати, огнот е ставен под контрола, а на станарите од околните облакодери околу четири часот и 30 минути им било дозволено да се вратат во нивните згради.
Станарите на „Торч“ чекаат официјално да им се одобри враќање во зградата, но оние од погорните катови ќе мора да почекаат неколку дена, бидејќи огнот избил на 50-от кат , пренесе „Франс прес“.
За сега не се знае причината за пожарот, а проширувањето на огнот го потпомогнал силниот ветер.
Е. Г.