Милчин: Утробата се крева и му се слошува на човек од телефонските разговори

Од:

Аудио снимките од телефонските разговори кои ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев беа тема на емисијата „360 степени“ на Алсат-м.

За ова дебатираа Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Отворено Општество – Македонија и Братислав Димитров од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

„ Од денешните разговори утробата се крева, на човек му се слошува, рече Милчин, потсетувајќи дека во времето на Енвер Хоџа, Албанија беше најпродуктивна во градење бункери за граѓаните на Албанија да се држат во страв дека некој ќе ги нападне.

„Нашиот сегашен режим добро ги следи тие стапки и го плаши народот со напад од надвор. Но, досега не чувме кој ќе не нападне и на која граница се копаат ровови, но гледаме пресметка со критичкта мисла. Од денешните аудио сними се покажаа инструментите како тоа се прави. Велат дека не прислушкувале од надвор, но, МВР бара кртови внатре. Зад она што сакате да ни го претставите не се крие патриотизам, ниту национализам, туку клиентилизам “, рече Милчин во емисијата.

Според Братислав Димитров криза во државата не постои, таа е измислена. За Милчин пак, кризата започнала од Црниот понеделник, од 24 декември 2012 година, кога опозициските пратеници и новинарите беа исфрлени од Собранието. За Димитров е нормално судството да биде контролирано од власта, бидеји од секогаш било така.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on