Омилената играчка на девојчињата ширум светот, куклата Барби можевме да ја видиме во текот на годините во разни изданија. Најновата Барби се разликува од сите други.
Компанијата Мател го претстави својот нов производ под наслов „Хелоу Барби“. Се работи за кукла која изгледа како класичната Барби, само што оваа може и да зборува.
Оваа кукла е способна да води разговор со помош на платформа за препознавање на говор. Таа е способна е да одговори на се што ќе и кажеш, а може и да раскажува приказни и да се шегува. за неа е потребна Wi-fi конекција, а децата ќе можат со неа да си играат со часови, ако батеријата целосно е наполнета.
Втората вест е дека Барби од сега може да носи и рамни чевли, од балетанки до патики или кој било друг вид на чевли кои не вклучуваат вртоглаво високи потпетици.
Цената на куклата ќе биде 75 долари, но се уште не се открива датумот на нејзиното доаѓање на полиците во продавниците.