Берлин тврди дека се договорени „конкретни мерки“ за влез на набљудувачите на ОБСЕ во воената зона

Од:

Официјален Берлин денеска соопшти дека се договорени „конкретни мерки“ за да им се овозможи на набљудувачите на ОБСЕ да навлезат во воената зона во реонот на источноукраинскиот град Дебелцево.

Не се дадени никакви детали за кои и какви мерки станува збор, но се открива дека до ваквиот договор се дошло по интензивните телефонски разговори меѓу Германија и Русија и Украина, во текот на целата измината ноќ.

Во овие разговори станало збор и за повлекувањето на тешкото вооружување, што е предвидено со договорот Минск 2, меѓу Германија, Франција, Русија и Украина.

Известувачи од теренот велат дека иако тоа требаше да почне на 16 февруари и да трае две недели, засега нема знаци дека украинската армија и сепаратистите ги повлекуваат тенковите и топовите од линијата на прекинот на огнот.

Во германското соопштение се вели дека е постигната согласност,со повлекувањето да се почне денеска.

Властите во Киев прво соопштија дека нема да се повлекуваат со тешкото оружје, додека сепаратистите не го прекинат огнот и тоа „без да поставуваат било какви услови“. Проруските сепаратисти пак сооптија дека прекинот не се однесува за Дебелцево, затоа што тие го држат овој град под опасада.

Сепаратистите им понудија на украинските сили „зелен коридор“ за да безбедно се извлечат од опсадата, но од Киев нема никаква реакција на ваквата понуда.

Според некои украински медиуми, силите на сепаратистите почнале да навлегуваат во градот, кој е неколку недели цел на жестоки борби. Во Киев меѓутоа се вели дека борби има и понатаму, а дека градот се уште е под украинска контрола.

На другите делови од линијата за прекин на огнот, примирјето се почитува и надвор од реонот на Дебелцево не се војува.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина