Јужнокорејскиот парламент денеска го одобри изборот на Ли Ван Ко за нов премиер на земјата.
Кандидатот предложен за премиер од претседателката Парк Гун-хе беше одобрен со 148 наспорти 128 гласа. Петмина пратеници беа воздржани.
Досегашниот премиер Чунг Хонг-вон предложи оставка по потонувањето на ферибот минатата година, при што загинаа над 300 лица.
Изборот на нов премиер на Јужна Кореја беше проследен со неколку обвиненија за матни договори на кандидатите, како што се шпекулации со недвижен имот, плагијаторство и други сомнителни активности.
Премиерската е втора по значење функција во Јужна Кореја. Извршната власт е во рацете на претседателот, но премиерот презема раководство, ако претседателот не може да ги исполнува своите обврски.