Малезија ќе го промовира првиот „Шеријатски индекс“

Од:

Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска објави дека државата подготвува „Шеријатски индекс“, кој како закон ќе стапи во сила идната година, а ќе се применува за контрола на усогласеноста на законите и секојдневната пракса со основните поставки на исламската идеологија.

Основните цели на овој акт, како што се нагласува, ќе бидат прашањата од заштита на религијата, животот и мислењето, како и заштита на сопствената и расата.

„Шеријатскиот индекс“ ќе ги обврзува верските и државните институции да ја испитуваат и утврдуваат согласноста на праксата со принципите на исламот во правниот систем, економијата, образованието, здравјето, културата и животната средина, како и во областите на политиката и социјалата.

Малезискиот премиер Разак рече дека Малезија и нејзините жители ќе имаат само корист од примената на овој „Индекс“, сеедно дали се муслимани или припадници на други религии.

Тој потсети дека три четвртини од компаниите што имаат лиценци за производство на „халал“ продукти се од немуслиманско порекло, а тоа не им ја поречува нормалната работа.

Според малезискиот премиер, искуствата од парактичното спроведување на определбите од „Шеријатскиот индекс“ ќе и помогнат и на Владата при донесување на одлуки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски