Создавање демилитаризирана зона меѓу Украина и Русија е едно од спорните прашања, смета француски дипломат

Од:

Создавањето демилитаризирана зона меѓу Украина и Русија е од суштинско значење за прекин на огнот, но и едно од спорните прашања во меѓународните дипломатски напори за наоѓање мирно решение, изјави француски дипломат.

Според него, меѓу останатите проблеми се и контролата на украинско-руската граница и идниот статус на реоните во источниот дел на Украина, кои се под контрола на проруските бунтовници.

Но, и покрај несовршеноста на новиот француско-германски план за мир и скептичноста на рускиот претседател Владимир Путин, францускиот дипломат сепак изрази надеж дека четиристраната средба на високо ниво ќе се одржи утре во Минск.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев