Малезија: Невестата во бессознание, но венчавката комплетирана

Од:

Дваесет и три годишната продавачка во салон за автомобили Сити Абдул Насир од градот Куала Теренхану во Малезија, која има сериозни здравствени проблеми со гликемија, деновиве го доживеала најнеобичното стапување во брак.

Имено, поради здравствени проблеми таа била примена во болница на 27 јануари, а по извесно подобрување болницата и дала два дена отсуство, за да може да се омажи за 29-годишниот Мохд Хашим.

На почетокот на свадбената церемонија на идната невеста и се слошило и таа ја загубила свеста и покрај тоа што добила инсулинска инекција. Во болницата била одведена во безсознание, но локалниот имам пронашол пропис кој дозволува склучување на брак, иако невестата не е во состојба да го каже судбоносното „да“.

Невестата за тоа ја заменил нејзиниот татко, а со цел се да биде по прописите, таа додека траела церемнијата во нејзино отсуство, во болничкот кревет лежела со невестинската облека.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски