Могерини: Нема раздор меѓу ЕУ и САД поради Украина

Од:

Шефицата на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини денеска изјави дека не очекува каков било раздор меѓу ЕУ и САД за Украина, доколку Вашингтон продолжи со предлозите за снабдување на Киев со оружје.

– Ние сме единствени кога станува збор за поддршката на Украина… ние сме единствени кога станува збор за економскиот притисок и ние, исто така, сме единствени за… потребата за политички дијалог, посочи Могерини.

Таа утре во Брисел ќе претседава со состанокот на министри за надворешни работи на ЕУ, на кој се очекува да бидат додадени нови имиња на поединци и организации од Русија и од Украина, на кои ЕУ ќе им го замрзне имотот и ќе им забрани патувања. На листата ќе биде и рускиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Антонов.

– Разговорите за дополнителни чекори ќе им бидат препуштени на лидерите на ЕУ, кои ќе се сретнат в четврток и на почетокот од март, посочи Могерини мислејќи на можноста за заострување на санкциите кон Русија,

Таа додаде дека таквата одлука ќе зависи од постигнувањето на одржлив прекин на огнот во Украина.

– Доколку успееме да реализираме одржлив прекин на огнот и почнеме со примена на Договорот од Минск, очигледнио тоа ќе води кон некои одлуки. Доколку тоа не се случи. одлуката може да биде поинаква, посочи Могерини.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина