Разговорите на Путин со Оланд и Меркел оценети како „конструктивни“

Од:

Разговорите во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин,францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел завршија без никакво заедничко соопштение, освен со оценката дека тие биле „конструктивни“.

Портпаролот на Кремљ,Дмитри Песков соопшти само дека разговорите траеле повеќе од пет часови и најави дека работите врз заедничкиот документ ќе продолжат утре,преку телефон.

Странските агенции во рускиот главен град,ја пренесуваат изјавата на неидентификуван француски функционер,кој средбата и разговоте со Путин ги означил како „конструктивни и суштински“.

Францускиот претседател и германскиот канцелар престојуваа во Москва,во рамките на својата најнова дипломатска иницијатива за запирање на конфликтот во Украина.Во Москва тие носеа со себе „мировен предлог“ чии детали засега не се обелоденуваат.

Претходно, Оланд и Меркел престојуваа во Киев каде за својата иницијатива ги инфомираа претседателот и премиерот на Украина.Во време на посетата на европската „двојка„ во украинскиот главен град беше и американскиот државен секретар Џон Кери.

Пред патот во Москва,францускиот претседател Оланд изјави дека целта на мисијата не е само обезбедување прекин на огнот,туку и обезбедување на една сеопфатна спогодба.Канцеларот Меркел,беше поумерена во очекувањата,па за неа како успех беше,било какво постигнување.

Главното прашање околу оваа најнова иницијатива е дали француско-германскиот предлог ја определува линијата на прекинот на огнот,околу која се војува изминатите недели,како и прашањето за идниот статус на конфликтната зона.

Официјална Москва продолжува да ги демантира тврдењата дека има било каква директна улога во конфликтот,а Киев и натаму инсистира дека нема договор, доколку Украина не остане обединета.

САД ,во меѓувреме,преку изјавата на потпретседателот Џо Бајден во Брисел,предупредија дека „не може да и се дозволи на Русија да ги прекројува границите на Европа“.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани