Меркел и Оланд во посета на Москва

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во рамки на иницијативата на германската Влада за решавање на конфликтот во Украина, ќе допатуваат во Москва, каде ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин.

Оваа ненадејна посета на двајцата државници на Русија е најавена три дена во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија, на кој ќе се одлучува за нови санкции за Русија.

Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт изјави дека во центарот на разговорот со Путин ќе биде актуелната ситуација во Украина.

Меркел и Оланд вчера ненадејно го посетија Киев, каде разговараа со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски