Жалбениот совет на Меѓународнито суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска правосилно осуди на доживотен затвор двајца високи функционери на поранешнaта Република Српска, Бујадин Поповиќ и Љубиша Беара поради геноцид над муслиманите во Сребреница 1995 година.
Ова е прва конечна осуда за геноцид кој овој суд изрекол, пренесува Ал Џезира Балкан.
Жалбениот совет одлучуваше врз основа на жалбата на Поповиќ и Беара на пресудата од 2010 година, со која се осудени на доживотен затвор поради учество во масакрот во Сребреница.
И кај Поповиќ и ја Беара со денешната одлука се укинува мал дел од пресудата од 2010 година, но судијата кој преседаваше Патрик Робинсон сепак ја потврди казната доживотен затвор за овие поранешни офицери.