Столтенберг: НАТО и дава силна поддршка на Украина

Од:

Северноатлантската алијанса, како најголема воено-политичка организација на светот и дава силна поддршка на Украина за нејзината независност и територијален интегритет и суверенитет, порача денеска генералнио секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг го истакна ова по денешната средба со министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин.

Првиот човек на Алијансата нагласи дека НАТО ќе продолжи со својата силна политичка и практична поддршка за Украина, но изрази загриженост во врска со неодамнешната ескалација на насилствата во земјата.

– Ние сме многу загрижени за ситуацијата, како и од континуираната поддршка од страна на Русија на сепаратистите. Го повторувам својот повик за почитување на прекинот на огнот. НАТО ги поддржува сите напори за да се најде мирно решение, врз основа на договорот од Минск, истакна Столтенберг.

Повторувајќи дека меѓународната заедница стои целосно на располагање за помош на Украинците, Столтенберг посочи дека и НАТО ќе продолжи да и помага на земјата.

– Ние ќе работиме со вас и даваме силна поддршка на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, додаде генералниот секретар на НАТО.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата