Еве што се случило кога родители од Франција на нивната ќерка и дале име Нутела.
Дали бебето било толку многу слатко или родителите од некои други причини на нивното дете му дале име Нутела не е познато, но францускиот суд нивната одлука не ја испочитува.
– Родителите не можат на нивното дете да му дадат име Нутела, е официјалната е пресудата, а објаснувањето е дека името премногу асоцира на прехранбен бренд и дека може да има маркетиншка конотација, пишува францускиот весник „La Voix Du Nord“.
– Освен тоа името може да биде во спротивност со интересите на детето и родителите, а може да дојде и до потсмевање или потценувања во текот на животот, објасни судијата.
Девојчето кое е родено во септември 2014-та година сега се вика Ела, а „кумот“ е судијата, со оглед на тоа дека родителите не се појавиле на рочиштето, кое било закажано за ноември 2014-та година.