Околу 200 милиони жители од селските населби во источна Азија во првата деценија на овој век се преселиле во градовите во потрага по подобар живот.
Според извештајот на Светска банка, објавен денеска во Сингапур, со оваа миграција околу 36 отсто од наслението во североисточна и југоисточна Азија сега живее во градовите.
Во регионот што го следеле експертите за миграции на Светската банка живеат нешто помалку од една милијарда луѓе. Се претпоставува дека миграциите од село во град ќе бидат идентични и во оваа декада, особено од идната година кога во 600 милионската заедница на државите од групацијата АСЕАН ќе бидат укинати ограничувањата за избор на местото и државата во кое луѓето ќе одбираат да живеат.
Либерализацијата на миграцијата е една од основните нови слободи за жителите од АСЕАН по стапувањето на сила на договорот за воспоставување на Економската заедница во рамките на АСЕАН.
Оваа заедница, која ќе профункционира кон крајот на годинава, е речиси идентична со економските и политичките правила на Европската Унија.