Би-Би-Си – Лондон
Секоја земја си има свои инвазивни видови и диви растенија со тенденција да растат без контрола. Кај повеќето, техниките за справување со нив е слична – мешавина од моќни хемикалии и булдожери. Но поселдните неколку години во САД едно ново оружје се приклучи во вооружената борба– козите.
Во полињатаљ во близината на Вашингтон, Енди, висока коза со долги клемпави уши, му се умилкува на својот стопан Брајан Нокс.
Покрај Брајан стојат повеќе од 70 кози, некои чмаат на слабото зимско сонце, а другите се туткаат околу балите сено. Ова е време на празници – шанса козите да се одморат и да се окозат пред повторно на пролет да почнат да работат.
Првенствено огледувани за колење – козјото месо е се популарно во САД – овие живиотни среќно избегаа од таквата судбина кога Нокс и неговиот бизнис партнер откриле дека козите поседуваат тајни спсобности. „Подобро ги запознавме козите и повеќе не можевме да ги продаваме како месо“, вели тој. „Па почнавме да ги користиме на овој имот за чистење на некои нападни видови растенија. Тоа прилично добро функционира, и оттука нештата почнаа природно да нараснуваат“.
Познати се како еко кози – вид кој се повеќе се бара заради нивната способност да ја чистат земјата од нападни видови растенија и други диви растенија долж американската источна обала. Отровниот бршлен, дивата роза и пелинот – козите ги јадат со сласт, па Нокс сега секоја недела дава услуги за чистење на почви, од мај до ноември.
Во изминатите седум години, козите станаа успешна приказна која конузмира тони нападни видови растенија.
– Се шегувам дека возам автобус, но тие се вистински рок ѕвезди, вели Нокс, кој исто така работи како советник за одржлив развој.
Вообичаено хемијата и машините се користат за да се тргнат брзорастечките диви растенија, но и двата методи имаат свои негативни страни. Хемикалиите можат да ја загадат почвата и не се ефикасни во сопирањето новите семиња да изртат. Искоренувањето на растенијата со машини може да ја растресе почвата и да предизвика нејзина корозија.
Нокс вели дека козите се едноставно биолошко решение за овој проблем.
– Ова е стара технологија. Обожавам да кажувам дека јас сум ја измислил, но постои од кога потсои и времето, вели тој. „Ние само како повторно да ја откривме“.
Една од причините што козите се толку ефикасни е што семињата на растенијата ретко го преживуваат нивното џвакање и нивните повеќекоморни стомаци – ова не е секогаш случај со другите техники кога семиињата остануваат во почвата и напролет пак изникнуваат.
За разлика од машините, тие можат да пристапат и до тешко проодни и шумовити подрачја. А високите кози, као што е Енди, можат да достигнат до растенија високи и по 2,5 метри. Стадо од 35 кози може да расчсти половика хектар густа вегетација за околу четири дена, за што Нокс вели е исто време кога и на козите им здодева да ја јадат истата храна.
– Кога ги носиме на нова територија, можете да видите колку се возбудени според начинот како јадат, вели тој. „Ја сакаат магијата да се возат во приколка кога ќе снема храна, и потоа се возат малку и следното нешто е вратата се отвара и пред нив се појавува цел раскош на јадење“. Судејќи според некои нови истражувања, можат да се додадат и други растенија во исхраната на козите.
На Универзитетот Дјук во Северна Каролина, поморскиот биолог Брајан Силимен поминал 20 години на проучување и искоренување на трски кои се прилично нападен вид.
Оваа трска која преживува во солените бари, може да порасне до 3,3 метри и ги потиснува природните видови и го блокира патот и погледот кон морето за крајбрежните жители.
Силимен вели дека прво се обидувал со инсекти и со друг форми на „био контрола“ да се справи со растението, но ништо не функционирало.
– Потоа отидов на одмор во Холандија од каде и дошле овие растенија, и видов дека тие таму не се проблем, затоа што постојано животни ги паселе, вели тој.
Во истражувањата Силимен открил дека козите се многу ефикасни – при едно тестирање, 90 проценти од областа каде се вршело тестирањето било исчистено од трски. „Мислам дека сите менаџери на влажни терени треба да го користат овој метод“, вели тој. „Поевтино е, помалку загадува, подобро е за околината, а и на козите им се плаќа“.
Едно растение за кое козите се повеќе се користат да го исчистат е кудзу. Тоа е брзорастечка вид на винова лоза, карактеристична за источна Азија, која била донесена во САД во 1876 година, како украсно растение кое се користелео за правење сенки на тремовите на куќите и за спречување на корозијата на почвата.
Но сега често се смета за „винова лоза која го јаде југот“ заради нејзината способност да расте и по 25 сантиметри на ден во топлите средини во југоисточните држави, како што се Мисисипи, Алабама и Џорџија.
Сепак, во последниве 10 години многу земјосопственици успешно ја искоренуваат со помош на кози кои постојано го пасат растението се додека тоа не ја загуби вољата повторно да расте.
Брајан Кеш води еден од овие три бизниси со животни во Џорџија кои пасат онаму каде кудзу е голем проблем, не само заради територијата која ја покрива, туку и заради „кудзу бубачката“ – мала бубалка која живее на раетението и која прави воспаление кога ќе биде смачкана со гола кожа.
Тој научил многу за чувањето на стадо за пасење на американскиот западен брег, каде има неколку добро етаблирани компании со стада кози за пасење, но решил да ја смени нивната фомрула.
– На крајот користевме поглавно стада овци мешани со кози затоа што откривме дека козите потешко се контолираат, вели тој за неговата компанија Ју-ниверзали грин. „Откривме дека козите ги почнуваат сите бунтови“.
Во Мериленд, Брајан Нокс се согласува дека некои кози можат да бидат проблематични, па дури и ни признава дека подраува некои од најнемирните животни на локалното училиште за касапи.
Но севкупно земено, тој вели дека има добри односи со животните.
– Дефинитивно вредат да се чуваат, вели тој.
Еден од најдобро платените задачи на кои козите работеле се чистењето на Конгресните гробишта во Вашингтон пред две години.
Маси народ доаѓале да гледаат како животните цела недела паселе околу високо израснатите грмушки, бршлени и отровен бршлен. Козите дури се појавиле и во весник и во телевизиски програми низ целата земја.
Токму заради ова, тој сака да ги носи козите во урбани средини – заради реакцијата во градовите – заради набљудувачите за кои тој вели дека се „фасцинирани“ кога гледаат колку козите ефикасно се справуваат со дивата вегетација. „Но ова е сеуште нешто ново“, вели тој.
Козите сепак не се сребрениот куршум. Нокс често го комбинира пасењето на козите со рачно искоренување, па дури и со хемиски третман – ако е тоа потребно.
Но неговите кози почале да вршат влијание во Америка која се гуши од коров и, како што вели тој, тие многу се забавуваат додека го прават тоа.