Саудиска Арабија гради ѕид против ИД и Ал Каеда во Јемен

Од:

Саудиска Арабија го забрза процесот за изградба на ѕид протов џихадистите од групата „Исламска држава“, пишува францускиот весник „Нувел обсерватор“.

Проектот за одбранбен ѕид е од 2006 година, во време кога соседен Ирак беше зафатен од жесток конфликт меѓу шиити и сунити. Прво забрзување на изградбата на ѕидот имаше во септември 2014 година, откако групата „Исламска држава“ зазеде поголем дел од терторијата на Ирак и Сирија.

Градежните работи се дополнително забрзани по нападот на почетокот на јануари, извршен од џихадисти на ИД врз саудиски граничен премин во близина на градот Арар. Во нападот загинаа тројца саудиски војници, меѓу кои и генерал Удах ал Белауи.

Ѕидот против заканата од џихадисти ќе биде во должина од над 950 километри и ќе се протега долж границата меѓу Саудиска Арабија и Ирак. Објектот ќе биде опремен со набљудувачки кули, ровови, инфрацрвени камери и радари што ќе следат движење во радиус од 18 километри.

Саудиска Арабија, исто така, испрати 30.000 дополнителни војници во регионот на границата со Ирак.

Ријад гради уште еден пограничен ѕид, на границата со Јемен каде е активна групата Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Овој проект е од 2003 години и предвидува ѕид со должина од 1.800 километри долж границата со Јемен. Станува збор за песочна барира висока три метри со систем за електорнско следење. Изградбата беше прекината во 2004 година на протест на јеменските власти, но повторно обновена во 2011 година по смената на властите во Јемен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа