Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“

Од:

Јеменските бунтовници, проиранските Хути, денеска изјавија дека американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“, пренесоа американските медиуми.

Авионите Тајфун и Војаџер на британските воздухопловни сили (РАФ) денеска се вратија во базата Акротири на Кипар, откако извршија воздушни напади врз воени цели на Хутите во Јемен, јавува Си-Ен-Ен.

„Американските и британските воздушни напади извршени во текот на изминатата ноќ нема да останат без одговор“, рече портпаролот на јеменската бунтовничка група на својот профил на X, и потврди дека американски и британски авиони денеска нападнале четири провинции и извршиле вкупно од 18 воздушни напади.

Портпаролот рече дека биле извршени 12 воздушни напади врз цели во главниот град Сана, три врз градот Ходеида, два врз Таиз и еден врз Ал Баид.

Денешните напади на воени авиони на САД и Велика Британија се осми бран напади врз инфраструктурата на јеменските бунтовници за нешто повеќе од 10 дена, се вели во заедничката изјава на американските и британските сили.

На 11 јануари, САД и Велика Британија започнаа напади врз повеќе од 60 воени цели на Хутите на 28 локации во Јемен.

Тоа беше првиот американски воен одговор на нападите што Хутите почнаа да ги вршат на трговските бродови во Црвеното Море, како поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили