Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

Од:

Портпаролот на јеменската бунтовничка група Хути, Јахја Сареа, денеска изјави дека целта на групата била израелски брод во Арапското Море.

„Поморските сили на јеменските вооружени сили изведоа операција за гаѓање на израелскиот брод MSC SKI во Арапското Море со неколку поморски ракети, а ударот беше прецизен и директен“, рече Сареа, пренесе Ројтерс.

Претходно Хутите најавија дека ќе продолжат да гаѓаат британски бродови во Аденскиот залив, откако беше потопен бродот „Рубимар“ во сопственост на Велика Британија.

Јеменските Хути напаѓаат комерцијални бродови во регионот на Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Нападите на Хутите во Црвеното Море го нарушија глобалното поморство и ги принудија бродските компании да се пренасочат кон подолги и поскапи рути околу Јужна Африка, а исто така ги поттикнаа стравувањата дека војната меѓу Израел и Хамас може да се прошири и да го дестабилизира поширокиот Блиски Исток.

Во јануари, САД и Велика Британија почнаа да вршат напади врз позициите на Хутите во Јемен, како одмазда за нападите врз бродови во Црвеното Море.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Хутите нападнаа британски танкер во Црвеното Море

А1он